Микроскопски имплант за испраќање сензорни информации во мозокот

FlatScope е иновативен имплант за кој научниците се надеваат дека еден ден ќе може да ги испраќа сензорните информации директно во мозокот – избегнувајќи ја потребата да се „поправат“ пореметувањата на очите или ушите за да се поврати видот или слухот.

Покрај ова, тимот кој стои зад FlatScope се надева дека уредот има потенцијал да ја снима мозочната активност многу подетално отколку што тоа сега е возможно, притоа набљудувајќи и стимулирајќи неколку милиони неврони во кортексот.

Истражувачите го развиваат FlatScope во партнерство со DARPA, како дел од NESD (Neural Engineering System Design/Дизајн на нервни инженерски системи) програмата, со цел да се развие потполно функционален имплантабилен систем кој овозможува комуникација помеѓу мозокот и дигиталниот свет - интерфејс кој би ги конвертирал електрохемиското сигнализирање е кое го користат невроните во мозокот во единици и нули (јазикот на информатичката технологија).

Доколку се усоврши, оваа технологија, на пример, би им овозможила на луѓето со оштетен вид, како и на слепите, повторно да го видат светот преку камера на нивната кошула.

Сега засега тимот има изработено прототип кој се поставува врз мозокот и детектира оптички сигнали од невроните во кортексот, а кога FlatScope ќе се усоврши, во него ќе можат да се вградат илјадници електроди кои ќе го анализираат мозокот – во споредба со 16, колку што имаат најдобрите денешни системи од овој вид.

Тимот истражувачи исто така соработува со експерти за биолуминисценција, со цел да се изнајде начин невроните да се натераат да испуштаат фотони кога ќе се активираат, креирајќи своевидно „лајт-шоу“ кое ќе открие повеќе за внатрешните функции на мозокот.

Покрај останатите проблеми како создавање на алгоритми кои ќе бидат способни да ги анализираат податоците од мозокот, една од пречките е и изнаоѓањето начин за безжично напојување на уредот, како и безжично испраќање и примање на податоците.

Тимот веќе има добиено средства за наредните 4 години, а целта ќе биде усовршување на интерфејсот за да оштетените човечки сетила можат да се заменат со дигитални еквиваленти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...