Дете од Африка официјално излечено од HIV

На интернационална конференција во Париз, тим научници презентирале детали од извонреден развој кој би можел да ги подобри третманите за HIV.

Се работи за 9 годишно дете од Јужна Африка кое било инфицирано со HIV при раѓањето и кое веднаш по тоа добило третман поради кој што сега е слободно од било какви симптоми или активни знаци на вирусот без никаков понатамошен третман.

Од HIV вирусот се заболени над 36.7 милиони луѓе ширум светот и е еден од најсмртоносните вируси на денешницата. Oткога е откриен, одзел над 35 милиони животи.

Овој нов случај ја зајакнува надежта дека третирањето на децата инфицирани со HIV во краток период кој започнува додека се новороденчиња ќе ги поштеди од терапиите кои траат цел живот и кои оставаат последици врз долгорочната активација на имунолошкиот систем.

Иако докторите детектирале минијатурни фракции на имунолошки клетки кои сè уште го имаат вирусот интегриран во нив, имунолошкиот систем на детето е комплетно здрав и нема никаков знак за HIV инфекција.

Детето било дел од тестирање финансирано од NIAID во 2007-ма за третирање на новороденчиња со HIV. Научниците и докторите сè уште не можат да разберат зошто и како третманот кој траел 40 недели и кој истовремено бил даван и на 142 други деца, токму кај ова дете чиј идентитет се чува во тајност, профункционирал.

Тие не веруваат дека само антиретровиралната терапија може да доведе до ремисија, туку дека причините се или генетски или поврзани со нешто специфично во неговиот имунолошки систем.

Со понатамошно студирање на детето, би требало да се дојде до поголемо разбирање како имунолошкиот систем ја контролира репликацијата на HIV вирусот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...