Наскоро трансплантација на органи од свиња во луѓе

Истражувачи постигнале значаен напредок во областа на трансплантација на органи, што не доближува до можноста безбедно да трансплантираме органи од животни во луѓе – конкретно органи од свиња.

Разни тимови истражувачи работеле на ваков вид трансплантација со декади, а една од „кочниците“ кои ги запреле претходните студии било откритието во 1998-ма дека ретровируси кои се кријат во ДНК-то на свињите можат да претставуваат закана за човечките реципиенти.

За да се изборат против оваа закана, тим од Универзитетот Харвард и приватната компанија eGenesis креирале генетски модификувани свински клонови кај кои се комплетно елиминирани ретровирусите. Сега, без нив, ќе биде возможно безбедно да се трансплантираат разни свински органи како црн дроб, срце и др.

Ваквите генетски модификувани свињи би можеле да се одгледуваат исклучиво за користење на нивните органи за трансплантации.

Покрај елиминираната опасност од заболување од ретки болести од свинските органи, постои и опасност за отфрлање на органот – дур и кога тој потекнува од друг човек. Поради тоа, научниците работат на намалување и на оваа можност преку модификување на гените со, на пример, CRISPR-Cas9 технологијата, па така тим научници од Универзитетот Алабама имаат создадено модификувани свински органи кои се ослободени од јаглехидратите, кои типично ги прават цел за нивно отфрлање од страна на имунолошкиот систем на примачот.

Овие две технологии споени во една можат да не внесат во нова златна ера за човечкото здравје, каде што животот на пациентите на кои им се потребни органи за кои сега се чека со години (кои некои воопшто и не го дочекуваат) ќе биде спасен со едноставно растење на потребниот орган во лабораториски развиените свињи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...