Матични клетки од млади срца против стареење

Според студија направена во Cedars-Sinai институтот за срцеви заболувања, матичните клетки земени од помлади срца можат да се користат за да го повратат процесот на стареење, предизвикувајќи постарите срца да функционираат како помлади.

Студијата ги опсервирала ефектите од срцевите матични клетки врз разни аспекти на срцето, вклучувајќи ја и неговата функција и структура.

Истражувачите земале CDC клетки од новородени глувци и ги инјектирале во срцата на постари, додека друга контролна група постари глувци била инјектирана со плацебо, т.е. салин.

Потоа, врз сите нив биле направени тестови на крвта, ехо кардиографски и други тестови, како и стрес тест на подвижна трака, а еден месец подоцна врз постарите групи било извршено уште едно тестирање.

Кај глувците на кои им биле вбризгани помладите клетки биле забележани разни бенефиции во споредба со оние на кој им бил вбризган салин. Тие имале подобрена функционалност на срцето, можеле да вежбаат 20% подолго, влакната им раснеле побргу и имале подолги теломери на срцевите клетки. Ова е важно бидејќи теломерите се наоѓаат на краевите на хромозомите и нивното скратување е поврзано со процесот на стареење.

Тестовите врз глувците покажале дека овие матични клетки предизвикале срцево и системско подмладување, но сепак претстои уште многу работа пред овој третман против стареење да биде тестиран врз луѓе. Истражувачите кои биле вклучени во студијава велат дека сè уште не е јасно дали клетките воопшто го продолжуваат животниот век на глувците, или само го подмладуваат срцето во старото тело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...