Вирусот Зика убива матични клетки на мозочен тумор

Ново истражување покажало дека иако вирусот Зика може да го уништи феталниот мозок, што предизвикува раѓање на деца со микроцефалија (абнормално малечка глава поради некомплетно развивање на мозокот), истата таа деструктивна моќ може да биде ефективен третман за смртоносна форма на мозочен тумор наречен глиобластом.

Научниците кои биле дел од оваа студија откриле дека вирусот ги убива матичните клетки на мозочниот тумор, кои се најотпорни на типичните третмани. Доколку овој третман и понатаму се усовршува и се потврди дека е навистина ефикасен, може драматично да ги подобри животите на пациентите со глиобластом, кој обично е фатален една година по дијагнозата.

Секоја година, околу 12 000 луѓе во САД се дијагностицирани со глиобластом, највообичаениот од мозочните тумори. И покрај агресивните третмани кои вклучуваат операција по која следи радијација или хемотерапија, повеќето тумори повторно се појавуваат по 6 месеци. Тоа се случува бидејќи нивните клетки често пати ги преживуваат третманите, продолжуваат да се двојат и да создаваат нови клетки. Околу 95% од пациентите умираат во првите 5 години од дијагнозата, а повеќе од половината во првите 15 месеци.

Матичните клетки на глиобластомот се способни скоро бесконечно да креираат нови клетки, а бидејќи Зика вирусот ги таргетира и убива токму овој вид на клетки (невро-прогениторни), истражувачите решиле да видат дали можеби ќе успее да ги уништи оние од туморот.

Тимот инфицирал тумори со две различни нишки на Зика вирусот, и открил дека и двете инфицирале и убивале канцерогени матични клетки, избегнувајќи ги другите клетки во туморот. Потоа тие инјектирале Зика вирус во мозочните тумори на живи глувци за да проверат дали вирусот ќе ги уништи, и откриле дека тие значително се намалиле.

Овие резултати сугерираат дека инфекцијата со Зика вирус ги надополнува традиционалните третмани со радијација и хемотерапија. Тој ги таргетира матичните клетки но не и остатокот од туморот, додека пак традиционалните третмани ги уништуваат клетките од туморот, но не и матичните. Поради тоа, возможно е во иднина да се развие терапија која ќе го вклучува и Зика вирусот со чија помош би можел да се уништи целиот тумор.

Иако звучи страшно намерно да се инфицираат луѓе со Зика вирусот, тоа би се извело на побезбеден начин – со инјектирање на вирусот директно во мозокот за време на операцијата за отстранување на главниот тумор, за да се избегне активирање на имунолошки одговор.

Покрај тоа, кај возрасните Зика вирусот е далеку побезбеден отколку кај новороденчињата и децата, бидејќи нивните мозоци имаат многу малку невро-прогениторни клетки.

Истражувачите исто така работат на создавање на побезбедна верзија на вирусот, тестирајќи ја во разни видови на мозочно ткиво, мутирајќи ја за да не предизвикува реакција од имунолошкиот систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...