Вратена свеста на човек по 15 години во вегетативна состојба

Денешната медицинска пракса гледа на луѓето кои се во вегетативна или коматозна состојба како на случаи кои е скоро невозможно да се излечат.

Сега, тим истражувачи од Marc Jeannerod iнститутот за когнитивни науки (ICS) во Лион, Франција, повратил знаци на свесност кај 35 годишен човек кој 15 години бил во вегетативна состојба со методот наречен стимулација на вагусниот нерв (VNS)

Oвој метод се користи за спречување на напади кај оние со епилепсија, како и за третирање на депресија, а се состои од пулсеви електрична енергија испуштани во регуларни интервали во мозокот преку вагусниот нерв. Бидејќи се работи за најдолгиот кранијален нерв, тој го поврзува мозокот со разни делови на телото вклучувајќи го и стомакот и е критичен за одржување на основните телесни функции, како одењето и будноста.

Во ова ново истражување, стимулаторот на вагусниот нерв бил имплантиран на градите на пациентот кој бил во вегетативна состојба како резултат на сообраќајна несреќа.

По еден месец со оваа терапија, тој покажал подобрени способности од типот на реагирање на едноставни команди како следење на објект со очите или вртење на главата кога тоа било побарано од него. Пациентот имал подобрен распон на внимание и можел да остане буден слушајќи го терапевтот како му чита книга, а истовремено била повратена неговата способност да реагира на „закани“ – како пошироко отворање на очите и покажување на знаци на изненаденост кога некој од докторите се доближувал поблиску до неговото лице.

Многуте тестови на мозокот кои биле извршени врз него исто така покажале значително подобрена мозочна активност. Во деловите на мозокот вклучени во движењето, сензацијата и свесноста била забележана зголемена сигнална активност, а била откриена и зголемена метаболичка активност во мозочните кортикални и подкортикални региони, што значи дека била подобрена функционалната поврзаност на нервите.

Пред ова истражување, се сметало дека на пациентите кои се во ваква состојба повеќе од 12 месеци практично им немало помош.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...