Нашите мозоци имаат систем за одвод на отпад

Низ телото имаме мрежа од канали т.е лимфен систем, кои ги отстрануваат отпадоците и течностите како биолошка канализација.

Долго време се сметало дека мозокот не бил дел од овој систем, а откога истиот пред 2 години бил забележан во мозоците на глувците, сега е потврдено дека постои и во човечкиот мозок, подгорувајќи ги шпекулациите за какви сè болести би можел да е одговорен.

Во 1816, италијанскиот анатомист Паоло Масањи видел нешто што сметал дека се лимфни садови во човечкиот мозок на труповите кои ги дисекцирал – но и по 2 века барање, никој друг не можел да ги најде.

Лимфниот систем е направен од разгранети садови кои низ телото ги транспортираат белите крвни зрнца во проѕирна течност наречена лимфа, чија намена е да ги движат течностите помеѓу ткивата и да овозможуваат лесен пристап на имуните клетки да го оддржуваат „редот и мирот“ внатре во ткивата.

Во мозокот ваквиот систем не бил забележан, па се верувало дека тој е специјален случај во анатомијата, бидејќи не било јасно како белите крвни зрнца влегувале и излегувале од него.

Ова прашање во 2015 добило одговор - со студирање на мозоците на глувците, американски истражувачи конечно го идентификувале присуството на лимфен систем во нивниот централен нервен систем.

За да истиот се пронајде и кај луѓето, тим истражувачи водени од неврофизиологот Даниел С. Рајх од националниот институт за здравство во САД во 5 здрави доброволци инјектирале контрастен агент наречен гадобутрол, и потоа ги скенирале нивните мозоци со магнетна резонанца (MRI).

Ваквите скенови можат да бидат модификувани така да радио пулсевите варираат во тајмингот, и различни вредности можат да откријат суптилни разлики во анатомијата на мозокот.

Тимот го сторил токму тоа, а користел и друга течност т.е боја составена од молекули кои биле преголеми за да истечат надвор од крвните садови.

Тимот конструирал 3D компјутерска анимација на еден од каналите на мозокото од доброволците, на кој се гледаат лимфните садови.

Истите резултати биле потврдени и кај еден вид на мајмуни, а физички докази за садовите биле детектирани и во мозочните мембрани на примероци од ткиво на човечки мозок земено преку аутопсија.

Следниот чекор на истражувачите ќе биде студирање на варијациите на овој систем за да видат дали тие ќе помогнат во објаснување на некои здравствени состојби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...