Откриена нова линија на матични клетки

Истражувачи од институтот Сангер во Англија и нивните колаборатори развиле нешто што потенцијално може да биде „табула раса“ за матичните клетки, што би овозможило растење и развивање на било каков вид на клетки.

Пред ова откритие, матичните клетки постоеле во два вида – ембрионски (ES) и плурипотентни (iPS).

Во теорија, и двете линии на матични клетки можат да израснат во разни видови на клетки, меѓутоа и двете имаат ограничување -  не можат да израснат баш во секој вид на клетка. 

Новите EPSC клетки можат да се формираат во било кој вид затоа што имаат карактеристики слични на оние на најпрвите клетки во ембрионот. Во случај на оваа студија, се работи за клетки од глушец, но истражувачкиот тим е сигурен дека може да развие слична линија матични клетки и кај останатите цицачи, вклучувајќи ги и луѓето.

За да ги развијатт EPS клетките, истражувачите земале клетки од глушец при нивната најрана фаза на развој – кога оплоденото јајце се поделило на само 4 или 8 клетки. За споредба, ES матичните клетки вообичаено се земаат во фазата кога тоа е поделено на 100 клетки.

Досега, научниците веќе можеле да постигнат доста работи со ES и iPS клетките – да претворат кожни клетки во моторни неврони, да третираат ќелавост, па дури и да го забават стареењето кај глувците. Новите EPSC матични клетки би можеле да ги создаваат сите три типа на бластоцистични матични клетки, т.е различните клетки од оплоденото јајце, што би го проширило нивниот потенцијал за развивање и употреба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...