Нов вид дијабетес кој погрешно се дијагностицира како тип 2

На повеќето луѓе им е познато дека постои тип 1 и тип 2 дијабетес, но сега е идентификуван и трет, наречен тип 3ц.

Тип 1 е кога имунолошкиот систем на телото ги уништува клетките од панкреасот кои произведуваат инсулин и тој вообичаено започнува во детството и скоро секогаш побарува инсулински третмани.

Тип 2 се појавува кога панкреасот не може да постигне да произведе инсулин колку што телото побарува, често пати се поврзува со преголемата тежина и се појавува во средните или доцни години од животот.

Најновиот тип 3ц е предизвикан од оштетување на панкреасот од воспаление (панкреатит), тумори на панкреасот, или негова операција. Овој вид на оштетување не само што ја намалува неговата способност да создава инсулин, туку и протеини потребни за варење на храната (дигестивни ензими) и останати хормони.

Нова студија открива дека повеќето случаи на тип 3ц дијабетес биле погрешно дијагностицирани како тип 2, а само 3% од луѓето земени како примерок во студијата (повеќе од 2 милиони) биле правилно дијагностицирани со 3ц.

Повеќето од оние со тип 3ц имаат потреба од инсулин, но за разлика од останатите дијабетичари, можат исто да имаат корист и од земање дигестивни ензими со храната, во облик на таблети.

Сè уште не е јасна пропорционалноста на оние со болести на панкреасот кои подоцна развиваат дијабетес, но се знае дека тоа не се случува кај сите. Кај некои, пак, тоа се случило по повеќе од една декада по оштетување на панкреасот.

Исто така, неколку лекови кои се користат за третирање на тип 2, како што е гликлазидот, не се многу ефикасни како третман за 3ц дијабетесот, што значи дека погрешната дијагноза на болеста значи џабе потрошени пари и време во неефективни третмани, притоа експонирајќи го пациентот на високо ниво на шеќер во крвта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...