ДНК анализа на мумија од 16 век откри постоење на HBV вирусот

Користејќи напредна техника за секвенцирање на ДНК врз една мумија од 16-ти век, тим научници ја открил комплексната историја и еволутивниот процес на вирусот Hepatitis B (HBV).

Овие геномски податоци се најстариот досегашен доказ за постоење на вирусот, што сугерира дека луѓето живееле и еволуирале заедно со HBV вирусот со векови.

Мумијата е стара 450 години, а се работи за остатоци од дете закопано во Базиликата на Свети Доменико Маџоре во Неапол, Италија. Претходните анализи не користеле ДНК тестирање и според нив се сметало дека детето било инфицирано со големи сипаници.

Децата инфицирани со HBV може да развијат осип на лицето познат како Џиноти-Крости синдром, кој изгледа слично на сипаниците, што е причината за првичната погрешна дијагноза. Но сега, научниците искористиле мали примероци од ткивото и коските за изнаоѓање на малечки фрагменти ДНК, со чие секвенцирање биле добиени генетските информации за рекреирање на HBV геномот.

Вирусите можат да еволуираат рапидно, некогаш и за само неколку дена,  но истражувачите сугерираат дека оваа античка нишка на вирусот многу малку се променила во последните 450 години.

Што повеќе го разбираме однесувањето на минатите пандемии и епидемии, толку повеќе ќе ни се подобри разбирањето за тоа како модерните патогени функционираат и би се ширеле.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...