Иднината на машката контрацепција – отров стар 2000 години?

Додека денешните контрацептивни средства имаат одредени ограничувања, сепак многу повеќе опции се на располагање за жените отколку за мажите.

Сега, едно возможно решение за машка контрацепција се појавило од сосема неочекуван извор – отров кој го запира срцето кој бил мачкан на врвовите на стрелите уште во 3 век п.н.е од ловците и борците во Источна Африка.

Методите за контрацепција можат да се поделат на две категории – хормонални и нехормонални. Оние како апчињата ќе влијаат врз хормоните за спречување на бременост, но иако добро функционираат тие често предизвикуваат полно несакани последици – од дебелеење до зголемен ризик од згрутчување на крвта.

Нехормоналните опции како кондомите и дијафрагмата, пак, ги немаат тие несакани ефекти. Но не секогаш се на располагање, не му одговараат на секого и доколку не се користат правилно и постојано, ризикот од бременост се зголемува.

Моментално за мажите постојат само две опции за контрацепција – кондоми и вазектомија, а во развој се неколку хормонални опции од кои едната е стигната до клиничко тестирање.

Потенцијалната нова опција е дело на тим истражувачи од универзитетот во Минесота, кои откриле дека токсична супстанца најдена во африканската билка уабаин игра улога во регулирање на крвниот притисок, а некои цицачи ја произведуваат активната состојка од неа природно.

Уабаинот функционира добро како отров бидејќи се меша со протеинските подединици во срцето кои ги транспортираат јоните. Нашите срца чукаат поради електричните импулси, а мешањето во функцијата на овие јони може да резултира со срцево пореметување.

Но, како сето ова е поврзано со спермата? Истражувачите исто така откриле дека уабаинот ја спречува работата и на транспортната подединица α4 која се наоѓа во зрелите сперматозоиди.

Предизвикот на тимот во последниве 10 години од нивното истражување било да се пронајде начин да се користи дериват на уабаин кој би ги спречувал транспортните подединици само во зрелите сперматозоиди, но не и во срцето.

Исто така било откриено дека уабаинот влијае само на зрелите сперматозоиди со тоа што им го инхибира движењето, неговите ефекти не би требало да траат вечно, туку штом се прекине со третманот нови сперматозоиди би се создале кои би се развивале нормално.

Тимот истражувачи сега ќе навлезат во следната фаза на истражувањето – докажувањето дека 2000 години стариот отров би бил ефективен во спречување на бременост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...