Специјална форма на UV светлина може да ги убива вирусите на грипот

Во нова студија од медицинскиот центар Ирвинг при универзитетот Колумбија (CUIMC), истражувачите откриле дека специјална форма на UV светлина (far-UVC) може да ги убива вирусите на грипот без негативно да влијае на човечките ткива.

Тие сугерираат имплементирање на far-UVC светлина на локации како болниците, аеродромите и школите, за значително да се намали можноста од инфекции.

Не е нова информација дека ултравиолетовата светлина има моќ да убива бактерии и вируси преку тоа што ги прекинува нивните молекуларни врски, бидејќи таа веќе рутински се користи за стерилизирање на хируршката опрема.

За жал, конвенционалната UV светлина штети на луѓето бидејќи може да предизвика рак на кожата или катаракта, па затоа не се користи на јавни површини.



Far-UVC има многу помал спектар на радијација и не може да пенетрира низ надворешниот слој на човечката кожа (составен од мртви клетки) или во очите, па така не претставува опасност за луѓето.

Можеби во иднината, за спасување на илјадници животи би било доволно само вклучување на специјална сијалица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...