Срце на новороденче „поправено“ со експериментална метода

Докторите од детската болница во Бостон развиле нов вид на трансплант кој на новороденчињата со оштетени срца им дава шанса да водат нормален, здрав живот.

Овие бебиња не добиваат нови органи, туку докторите им трансплантираат митохондрија од нивните сопствени мускулни клетки директно во срцата, а процедурата дава фантастични резултати.



Секоја клетка во нашето тело содржи митохондрии – малечки специјализирани структури кои на клетката и ја даваат потребната енергија за функционирање. Доколку клетката го изгуби дотурот на крв богата со кислород, нејзините митохондрии може да умрат, по што истото го прави и клетката. Ова оштетување на митохондриите некогаш се случува на срцевите клетки за време на срцев удар, или на операција за лекување на срцев дефект. Дури и ако клетките преживеат, тие може да останат ослабени и срцето не може правилно да отчукува како резултат на тоа.

Џејмс Меккали е научник кој ги изучува срцата на возрасните, а во неговите истражувања открил дека екстрахираната митохондрија од мускулните клетки од абдоменот на свињи која потоа била инјектирана во нивното оштетено срце помагала за неговото целосно заздравување.

Во 2015-та, тој заедно со Сиатарам Емани, кардиолог во детската болница во Бостон, го тестирал ваквиот митохондриски трансплант во новороденче со срце оштетено за време на операција за „поправање“ на неговиот дефект.



Меккали екстрахирал околу 1 милијарда митохондрии од малечко парче мускул од абдоменот на бебето и ги инјектирал во најоштетениот дел од неговото срце, кое по 2 дена почналo да отчукува правилно како и секое здраво бебешко срце.

Докторите ја тестирале оваа техника кај 11 новороденчиња од кои 8 се сега излечени. Оние со истата здравствена состојба кои не добиле ваков трансплант имале смртност од 65%, а оние 35% кои преживеале немале нормална функција на срцето и дел од нив завршиле на листата за негово чекање.

Сега истражувачите планираат да започнат тестирање врз возрасни пациенти кои треба да се подлегнат на операција за имплантирање на бајпас кое треба да започне во 2019.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...