Откриени „тајни“ тунели помеѓу черепот и мозокот

Невролозите откриле нов вид на бели крвни клетки кои функционираат како „итна помош“ и кои кога ќе се случи повреда на ткивото можат да патуваат директно од шуплините на коскената срцевина во черепот до надворешниот слој на мозочната мембрана преку досега никогаш видени микроскопски канали.



Претходно се верувало дека повеќето имунолошки клетки биле создавани во резервоарите од коскена срцевина во коските од рацете и нозете и дека до мембраните во мозокот биле испраќани само преку крвотокот.

Овој нов пат бил откриен во серија експерименти со флуоресцентно обележани неутрофили кај глувците (бели крвни клетки кои содржат еластаза, ензим кој може да го вари еластинот), каде биле иницирани повреди на мозокот со мозочни удари или одредени воспаленија. Скеновите покажале дека неутрофилите кои први стигнувале на „местото на несреќата“ доаѓале од коскената срцевина во черепот, а не од тибијата (внатрешната и обично поголемата од двете коски помеѓу коленото и зглобот на ногата), и дека залихата неутрофили од черепот била значително повеќе потрошена отколку онаа од останатите извори на бели крвни клетки.



Уште поинтересен бил фактот што било откриено дека при повреди на срцевото ткиво, одговорот од черепот и тибијата бил сличен – што значи дека коскената срцевина од черепот реагира различно на сигналите од повреден мозок, во споредба со оние кои доаѓаат од други делови на телото.

Истражувањето на примероци од човечки черепи на хируршки пациенти потврдило дека истите канали т.е тунели постојат и кај луѓето.

Следниот чекор ќе биде истражувањето како овие канали се вклучени во човечките состојби кои вклучуваат мозочен удар, хипертензија и деменција. Научниците сметаат дека овие канали би можеле да се користат како рута за побрза испорака на лекови во мозокот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...