Електрична стимулација му помогнала на парализиран човек да прооди

За многу пациенти, тотална парализа на долните екстремитети предизвикана од повреда на ‘рбетот значи поминување на остатокот од животот во инвалидска количка.

Но, нов третман тестиран врз 29-годишен човек парализиран во 2013-та му овозможил повторно да прооди, благодарејќи на уред кој испорачува електрична стимулација директно во ‘рбетот.



Третманот започнал со 22 недели физикална терапија за пациентот, за да се потврди дека тој самиот не е во состојба да си ја поврати способноста за одење.

Потоа, неврохируршки тим од клиниката Mayo во него имплантирал електрода, одобрена од FDA за ослободување од болки, во неговиот грб. Користејќи безжичен контролер, тие можеле да го активираат уредот да испушта пулсеви електрицитет директно во ‘рбетот.

За 113-те рехабилитациски сесии во период од 43 недели, биле тестирање разни комбинации на електрична стимулација во комбинација со други варијабли, како користење на разни прицврсувачи и менување на брзината на траката за движење. Малку по малку, пациентот бил способен да ги мрда нозете, иако во почетокот морал да ги гледа во огледало за да ја знае нивната поставеност, бидејќи немал чувство во нив, а тренерите му помагале да стане.



Пациентот успеал да направи 331 чекор со повремена асистенција од тренерите и од уред за придржување, што е еквивалентно на должина поголема од онаа на еден терен за рагби. Исклучувањето на уредот ја стопирало неговата способност да се движи, што значи дека електричната стимулација со сигурност била причината за неговата повторна мобилност.

Добрата вест е што оваа терапија функционира, а лошата е што истражувачите не знаат точно што е причината за тоа – туку само дека едноставно функционира.

Следниот чекор ќе биде истражување на ова прашање и проверка дали електричната стимулација ќе им овозможи и на други пациенти да им се врати функцијата на парализираните екстремитети.

Доколку оваа технологија продолжи да се усовршува, би можеле да бидеме дел од иднина како парализата веќе нема да е доживотна дијагноза за многумина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...