Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

Истражувачите долго време се сомневаа дека врската меѓу цревата и мозокот има улога во појавата и развојот на Паркинсоновата болест. Неодамнешен научен труд на јапонскиот Универзитет на Нагоја идентификуваше цревни микроби коишто веројатно се поврзани со намалениот рибофлавин (витамин Б-2) и биотин (витамин Б-7), што би можело да укажува на идните, неочекувано едноставни третмани, со витамини од групата Б.



- Дополнителната терапија насочена кон рибофлавинот и биотинот ветува можна терапија за ублажување на симптомите на Паркинсоновата болест и забавување на прогресијата на болеста во телото... Ние сметаме дека недостатокот на витамин Б е поврзан со намалувањето на масни киселини со краток синџир и полиамини - молекули коишто помагаат да се создаде здрав слој на слуз во цревата. Недостатокот на полиамини и масни киселини со краток синџир може да доведе до истенчување на слојот на цревна слуз, зголемувајќи ја цревната пропустливост, кои се забележани кај Паркинсонова болест, објасни истражувачот Хироши Нишиваки, кој е дел во медицинските истражувања.

Ова заболување опфаќа речиси 10 милиони луѓе ширум светот, кои во најдобар случај можат да се надеваат на третмани што ги забавуваат и ублажуваат симптомите. Раните знаци на невродегенеративната болест обично се запек и проблеми со спиењето, и може да потраат до 20 години пред да напредуваат во деменција и исцрпувачко губење на мускулната контрола.

Претходните истражувања покажаа дека луѓето со Паркинсонова болест, исто така, доживуваат промени во нивниот микробиом долго пред да се појават други знаци.

Анализирајќи примероци од столица од 94 пациенти со Паркинсонова болест и 73 релативно здрави контролни примероци ширум Јапонија, Нишиваки и неговиот тим ги споредија своите резултати со податоци од Кина, Тајван, Германија и САД. Иако различни групи бактерии беа проучувани, сите тие укажуваат на витамините Б во телото.

Истражувачите, имено, велат оти промените во цревниот бактериски состав е поврзани со намалување на рибофлавинот и биотинот кај луѓето кои страдаат од Паркинсоновата болест.

Научниците и претходно покажаа дека повисоките дози рибофлавин може да помогнат во обновувањето на дел од моторната функција кај пациенти кои го тргнале и црвеното месо од својата исхрана.

- Значи, можно е високите дози витамини Б да можат да спречат дел од штетата, додава Нишиваки.

- Можеме да направиме анализа на цревната микробиота кај пациенти или да направиме анализа на метаболитите на столицата. Користејќи ги овие наоди, би можеле да идентификуваме лица со специфични недостатоци - оние со намалени нивоа рибофлавин и биотин, кои орално би примале додатоци, така потенцијално создавајќи делотворен третман, заклучи тој.

Сѐ ова посочува дека здравите цревни микробиоми имаат заштитна улога, а намалувањето на загадувачите во околината, исто така, може да помогне. Секако, со оглед на сложениот синџир на настани вклучени во Паркинсоновата болест, веројатно е дека не сите пациенти имаат исти причини и предизвикувачи, така што начниците препорачуваат проценките да бидат повеќе поединечни и индивидуални.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек доаѓа во едно село, среќава двајца селани на сред село и му се обраќа на едниот.
- Каде е кметот?
- Сее!
- Сее? Сред зима?
На тоа се надвоврзува другиот селанец:
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1662.- Умре Блез Паскал, француски математичар,...
1850.- Во Париз умре Оноре де Балзак, француски...
1936.- Франкистите од Шпанија го застрелаа...
1973.- Полковникот Пападопулос, шеф на воената...