Човек со мултиплекс склероза проодел по третман со матични клетки

Десет години Рој Палмер не чувствувал ништо во долните екстремитети, а два дена по трансплантација на матични клетки, можел да почувствува грч во едната нога.



Техничкиот термин за процедурата е хематопоетична трансплантација на матични клетки (HSCT) која може да е ризична, но им нуди нова шанса за подобар живот на луѓето како Рој, кој се нашол во инвалидска количка откако мултиплекс склерозата предизвикала неговиот имунолошки систем да ги нападне заштитните обвивки на нервите.

Како што кај компјутерите еден од начините да се реши некој проблем е исклучување, па повторно вклучување на системот, така и HSCT процедурата на сличен начин влијае на телото, бидејќи на некој начин го „рестартира“ имунолошкиот систем на пациентот.



Прво, од него се земаат матични клетки и пациентот добива хемотерапија, која го убива остатокот од имунолошкиот систем. Потоа, со помош ан екстрахираните матични клетки, имунолошкиот систем повторно се вклучува.

Два дена по третманот Рој веќе почнал да добива чувство во нозете, а подоцна бил способен да се движи, па дури и да игра. Тој сега смета дека добил втора шанса во животот.



Сепак, HSCT не е чудотворен лек за мултиплекс склерозата. Иако функционирал кај овој пациент, тоа не секогаш е случај, а третманот некогаш може да предизвика инфекции и неплодност. Инаку, терапијата е сè уште експериментална и не е одобрена од FDA за да се користи во САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...