Создаден генетски модифициран човечки ембрион резистентен на ХИВ вирус?

Тим научници воден од He Jiankui од универзитетот за наука и технологија во Кина велат дека модификувале геном на човечки ембриони, од кои едните се развиле во пар близначки кои денес се живи.

Ова наводно било постигнато во мистериозно клиничко тестирање со помош на CRISPR технологијата, така што бил „згаснат“ генот CCR5 кој ги прави луѓето подложни на ХИВ, сипаници и колера.



Извештајот за ова достигнување предизвика загриженост и скептицизам од научната заедница, бидејќи доколку се докаже дека е вистински тоа значи дека генетските промени ќе бидат пренесени и на идните генерации – а научниците и експертите за CRISPR сè уште не се убедени дека оваа технологија е комплетно безбедна за третирање на луѓе.

Консензусот во полето на генетското модифицирање е дека тестирањата врз луѓе, особено оние кои би резултирале со живи генетски модификувани личности, мора да поминат преку детални и транспарентни рецензии од етичари и други лекари – спротивното од она што се случило со овој наводен таен експеримент. Како резултат на него, Jiankui е под истрага од кинеската влада.



Одлуката да се спречи ХИВ преку модифицирање на ембрион е исклучително контроверзна, што дури и Feng Zhang, научникот кој прв ја развил CRISPR технологијата, повика на мораториум врз модифицирање на човечки ембриони.

Дел од проблемот е тоа што „гаснењето“ на генот CCR5 ги прави луѓето резистентни на ХИВ, но и подложни на западнонилскиот вирус.

Консензусот помеѓу биомедицинските етичари и лидери во генетските истражувања е дека модифицирање на човечките ембриони е етичко „минско поле“, низ кое тимот од кинескиот универзитет едноставно „претрчал“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...