FDA одобри лек кој уништува тумори во напредна фаза

Американската администрација за храна и лекови (FDA) одобри лек против повеќе видови канцери кои делат заедничка мутација, независно од нивната локација во телото – што е огромен напредок во полето на понекогаш контроверзната „прецизна медицина“.

Лекот е наречен Vitrakvi и е втор третман кој добил одобрување од FDA кој е базиран на вообичаен биомаркер кој го има во мноштво канцери, а уништува цврсти тумори во напредна фаза кои содржат NTRK фузија на гени, односно хибрид од два гена кои промовираат неконтролиран раст на клетките.

Од овој дефект, меѓу другите, може да бидат предизвикани тумори на тироида, бели дробови, главата и вратот, а лекот е наменет за пациенти чиј канцер не може да се отстрани со хируршка интервенција (поради можни компликации) и немаат други алтернативи за негово уништување.

За жал, бидејќи се работи за сосема нова терапија и цената сега засега е исклучително висока – производителот Loxo Oncology, Inc и нивниот партнер Bayer најавиле дека 30-дневна доза од капсули со овој лек (за возрасни) ќе чини $32 800.

Цената на течната формулација наменета за деца ќе биде базирана на површината на туморот кај пациентот, но ќе започнува од $11 000 месечно.

Производителите се надеваат дека компаниите кои нудат здравствено осигурување ќе ја покријат цената на овој лек и дека пациентите тој ќе ги чини $20 или помалку месечно.

Инаку, под “прецизна медицина“ се подразбира модифицирање на медицинскиот третман според индивидуалните карактеристики на пациентот, вклучувајќи ја и неговата генетика. Покрај тоа што е дочекана со значителен ентузијазам, ваквиот вид на медицина се соочува и со голем скептицизам, најмногу поради тоа што лековите и нивните тестирања се прескапи.

Сепак, според онколозите, прецизната медицина ќе биде начинот за третирање на канцерите во иднината.

Birana Alaya од Ел Пасо почнала да чувствува силни болки во грбот на 11 годишна возраст, кога била дијагностицирана со саркома – тумор со меко ткиво, обвиткан делумно околу нејзината аорта. Тој би отстранет пред 2 години со операција од висок ризик, но повторно се вратил во нејзиниот ‘рбетен столб, по што докторите повторно го тестирале.

Кога се потврдило дека тој сега има NTRK промени, таа станала дел од клиничкото тестирање на новиот лек, по што нејзините тумори исчезнале. Денес таа има 14 години, учи средно училиште и сонува да стане моден дизајнер.

Од FDA велат дека ефикасноста на лекот била анализирана во 3 клинички тестирања кои вклучувале 55 деца и возрасни, од кои 75% имале позитивна реакција на лекот врз разни видови цврсти тумори која траела најмалку 6 месеци, а кај 39% од нив и до повеќе од една година. Вообичаените несакани ефекти вклучувале замор, гадење и вртоглавица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...