Се тестира нов лек за Алцхајмерова болест кој го забавува губењето на меморија

За потребите на ново национално клиничко тестирање во САД моментално во над 30 града се регрутираат луѓе со Алцхајмерова болест на возраст од 50 до 85 години за да се испита дали еден лек може да го забави губењето на меморијата и други симптоми.

Тестирањето наречено “T2 Protect AD” вклучува третмани и надгледување на состојбата во траење од 48 недели. Субјектите ќе добијат или плацебо или лек наречен трорилузол кој го забавува изумирањето на мозочните клетки, а доколку тестирањето се покаже успешно, ќе може да се создаде нов третман против деменцијата.

Рилузолот е активната состојка во трорилузолот и сличните лекови и е невропротектант – ги менува хемиските патишта во мозокот за да го спречи таложењето на глутамат, невротрансмитер кој е вклучен во клеточната дисфункција поврзана со невродегенеративните болести. Овој лек е на располагање како третман за ALS уште од 1995-та, а негова нова верзија само што добила одобрување од FDA за нови третмани за ALS.

Трорилузолот може да им користи и на луѓето со Алцхајмерова болест бидејќи механизмите на клеточното уништување кај овие две болести се многу слични.

Иако поголем дел од истражувањата поврзани со Алцхајмеровата болест се фокусираат на нејзина детекција и превенција, T2 Protect AD може да им помогне на докторите да создадат нов третман со кој ќе се менаџираат и олеснат симптомите на оваа болест, дури и доколку не можат целосно да се отстранат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...