Нова техника за 3D снимање на мозокот

Човечкиот мозок често се објаснува како маса ткива со неверојатна комплексност.

Невролозите сè уште имаат потешкотии во изучувањето на секој дел на мозокот на овошната мушичка кој е со големина на афионово семе и има само 100 000 неврони, а одгатнувањето на тајните на човечкиот мозок чија просечна тежина е 1.4 килограми и има над 80 милијарди неврони е на сосема друго ниво.



Сега, научниците успеале да го мапираат во 3D мозокот на овошната мушичка со детали во наноскала за помалку од три дена, за кое што порано требале години.

Новата техника која била употребена е наречена ExLLSM и комбинира две технологии на снимање со кои мозокот набабрува како балон, но при што неговата деликатна интерна биологија е недопрена. Првата е наречена експанзивна микроскопија (ЕМ) и таа го зголемува т.е раширува неговото ткиво, додека втората наречена LLSM користи фокусирани зраци светлина да креира 3D слика од мозокот слој по слој.

Новата метода е исклучително брза а сликите кои ги создава се во висока резолуција. EM техниката го зголемува мозокот преку инфузија на ткивото со гелови, деликатно раздвојувајќи ги молекулите едни од други и правејќи ги структурите полесни за гледање под микроскоп.

Новата метода е усовршувана изминатите 2 години со помош на биолози, физичари и компјутерски научници.

За да се создаде комплетната 3D мапа на мозокот на овошната мушичка, потребно било да се искомбинираат 200 терабајти податоци.

Сепак, потребно ќе биде уште значително усовршување на оваа метода имајќи во предвид дека човечкиот мозок има десетици билиони неврони кои се поврзуваат низ околу 7000 синапси, секој во мрежа со невидена комплексност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...