Кинеските CRISPR бебиња може да имаат зголемен капацитет за учење

Близначките Лулу и Нана од Кина минатата година несвесно станаа дел од историјата со тоа што се првите генетски модифицирани деца. Научникот кој ја извршил процедурата (He Jiankui) како резултат на неговите „неодговорни“ дејствија беше избегнуван од колегите, ставен во домашен притвор и под истрага.



Тој ја користел алатката CRISPR за модифицирање на ДНК на близначките преку отстранување на генот CCR5 со цел да ги направи резистентни на ХИВ вирусот, кој може да се развие во СИДА. Целиот процес се случувал пред тие да се родат, додека биле ембриони.

Меѓутоа, отстранувањето на CCR5 можеби направило нешто повеќе од имунизирањето против ХИВ.

Според едно ново истражување од универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес (UCLA), тоа можеби на близначките им дало подобрување на меморијата и го зголемило нивниот потенцијал за учење. Сличен процес веќе се покажал како успешен во подобрување на заздравувањето кај пациенти со преживеан мозочен удар, како и за правење на глувците “попаметни“



Наједноставната интерпретација е дека мутациите најверојатно ќе имаат влијание на когнитивната функција на близначките. Секако, скоро е невозможно да се знае како тоа во пракса ќе се одвива кај нив, бидејќи не постои цврст научен доказ дека истите промени кои се случиле кај глувците ќе се случат и кај луѓето чиј CCR5 генот е отстранет.

Додека етичките последици се нешто со кое што ќе треба да се справиме, научниците веруваат дека постои реална можност еден ден да ја зголемиме човечката интелигенција преку процеси за модифицирање на гените.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...