Мозочен декодер кој ја претвора нервната активност во говор

Говорот е моќна алатка, но за жал не сите можат да го користат.

Во таквите случаи, технологијата може значително да помогне – а сега е креиран нов алгоритам кој пораките од мозокот наменети за мускулите ги претвара во звуци т.е говор.



Конвертирањето на комплексна мешавина од информации испратени од мозокот до мноштво делови на телото во звук не е воопшто едноставно. Усните, јазикот, грлото, гркланот и дијафрагмата сите мора да работат заедно во скоро совршена усогласеност за да се изговорат дури и наједноставни фрази.

Истражувачите од Универзитетот на Калифорнија Сан Франциско (UCSF) успеале овие невролошки процеси да ги искористат да креираат вештачки говор.

Тоа го направиле со помош на декодирање на сигналите кои мозокот ги испраќа до „вокалната опрема“ на телото, и потоа нивно претворање во видови на артикулации потребни за создавање на звуци.



Во принцип, преведувањето на мускулните движења било полесен начин да се стигне до крајната цел, наместо преведување на секој посебен сигнал од мозокот.

За да ја тестираат оваа идеја, истражувачите регрутирале 5 доброволци за кои веќе бил закажана операција за третирање на нивната хронична епилепсија.

Како дел од процедурата, на пациентите им била имплантирана мрежа електроди поставена на површината на мозокот, со чија помош се издвојувале невролошките пораки насочени кон органите кои го сочинуваат системот за говор. Исто така им биле ставени сензори на јазикот, забите и усните, за да се следат нивните движења.

Потоа, субјектите читале стотици зборови и реченици од база на податоци за препознавање на говор, како и бројни делови од познати приказни како заспаната убавица и др.

За да се исклучи можноста сигналите да се резултат од слушање на сопствениот глас, еден доброволец само ја движел устата додека читал, не испуштајќи звуци.

Потоа, мозочните сигнали генерирани исклучиво за контролирање на движењето на усните, јазикот и вилицата биле издвоени од останатите и од нив бил креиран специјално дизајниран алгоритам – мапа на движења кои ги формираат звуците кои требало да бидат генерирани од синтетизатор на говор.

Крајниот резултат бил извонреден, иако технологијата треба уште многу да се истражува и усовршува со цел еден ден да се создадат неврални импланти кои ќе бидат одобрени за масовна употреба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...