Таргетирање на гени може да доведе до третмани за Даунов синдром

Со користење на матични клетки кои можат да се претворат во други клетки во мозокот, истражувачи од одделот за неврологија на универзитетот Руџерс развиле два експериментални модели за да го истражуваат раното развивање на мозокот поврзано со Дауновиот синдром – жив 3D модел на мозочен органоид, и модел на мозок на глушец со имплантирани човечки клетки.



Студијата се фокусира на генот OLIG2 на 21-виот човечки хромозом, за кој сметаат дека е одлична пренатална терапевтска цел за елиминирање на ефектите од абнормалното развивање на мозокот на ембрионот.

Вообичаено, бебињата се раѓаат со 46 хромозоми, но бебињата со Даунов синдром имаат дополнителна копија од хромозомот 21 која го менува начинот на кој што телото и мозокот на бебето се развиваат, што може да доведе до ментални и физички промени.

За потребите на истражувањето, биле собрани кожни клетки од пациенти со Даунов синдром кои биле генетски репрограмирани во плурипотентни матични клетки (hiPSC). Слични на ембрионските матични клетки, тие можат да се развијат во различни видови на клетки вклучувајќи ги и оние во мозокот.

Користејќи мозочни клетки добиени од кожните со дополнителна копија на хромозомот 21, научниците потоа развиле 3D модел на мозочен органоид сличен на човечкиот мозок во раниот развој. Исто така бил развиен и модел на мозок на глушец, со истите мозочни клетки имплантирано во него.

Било откриено дека инхибиторните неврони – потребни за правилна функција на мозокот – се развиле во преголем број и кај двата модели и возрасните глувци имале намалена меморија. Исто така било откриено и дека OLIG2 генот игра клучна улога во тие ефекти, а неговото инхибирање довело до подобрување на состојбата.

Научниците можат да ја користат оваа комбинација од мозочен органоид и модел на мозок на глушец за истражување на други невроразвојни нарушувања како аутистичниот спектар на нарушувања и Алцхајмеровата болест, бидејќи таа често се развива кај пациентите со Даунов синдром.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...