Научници ја претвориле крвната група А во универзален донор

Околу 55 милиони литри крв секоја година се донираат низ светот, но некомпатибилноста помеѓу нив ги отежнува трансфузиите.

Типот 0 е компатибилен со сите Rh+ групи на крв и се смета за универзален донор бидејќи таквата крв може да ја примат и оние со крвна група A+, B+, AB+ или O+, кои се три четвртини од светската популација.



Сега, во нова студија биле конвертирани крвни клетки од групата А во универзален донор, т.е во клетки од групата 0. Доколку науката која стои зад ова се усоврши, постои потенцијал значително да се зголеми снабдувањето и пристапот до крв за трансфузии кои можат да спасат животи.

Крвната група зависи од различни видови на антигени - структури кои предизвикуваат имунолошки одговор – на површината на црвените крвни клетки, како и антителата во плазмата. Наједноставно кажано, крвната група А има А антигени со анти-Б антитела, додека крвната група Б има Б антигени со анти-А антитела. Така, доколку во примател со крвна група А му се даде крв од крвна група Б, анти-Б антителата ќе бидат испратени од Б антигените со што ќе се предизвика животно загрозувачки имунолошки одговор.

Од друга страна, пак, крвната група 0 нема ни А ни Б антигени, туку „неутрален“ Х антиген.



Истражувачите од универзитетот на Британска Колумбија сега пронашле ефективен начин да го отстранат А антигенот конвертирајќи го во Х антиген, што значи дека вака модифицираната крвна група А нема да предизвика имунолошки одговор кај примателот кој не е од таа крвна група.

Тоа било постигнато со користење на ензимски патишта пронајдени од бактериите кои живеат во стомакот, од кои биле изолирани специфични гени кои бактериските ензими ги прават способни за отстранување на клучните компоненти на А антигенот. Малечка количина од овие два ензими билa додаденa во крв од крвната група А, што било доволно од неа да се отстранат А антигените.

Имајќи в превид дека А е втората по ред најзастапена крвна група после 0, со оваа техника значително би се зголемило снабдувањето со универзална крв од дарители.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...