10 интересни факти поврзани со крвните групи

Исклучително е важно секој да ја знае сопствената крвна група, бидејќи тоа е потребно за да се процени од кого може да се прифати крвна трансфузија, како и на кого може да се донира.

1) Жените со крвна група 0 почесто имаат проблеми со плодноста



Во студија направена во центарот за плодност на универзитетот Јејл во 2011-та, било откриено дека жените со крвна група 0 почесто имале високо ниво на FSH (фоликуло-стимулирачки хормон). Проблемот е тоа што високото ниво на FSH типично е индикација за намалени резерви на јајце клетки во јајниците, што значи дека жените со крвната група 0 имаат помали шанси да забременат како што стареат.

2) Само една крвна група е универзален донор

За крвната група 0- (о негатив или нулта негатив) има најголемо побарување во болниците поради тоа што е универзален донор и може да се даде на луѓето и со позитивни и со негативни крвни групи. Луѓето со крвната група 0 може да донираат крв на оние со групите А, Б или АБ, бидејќи во неа нема антигени кои телото на примателот може да ги нападне.

3) Само една група е универзален примател

Крвната група АБ+ е позната како универзален примател, бидејќи содржи и А и Б антигени, како и Rh фактор, и може да толерира трансфузија од било која крвна група.

4) Оние со крвна група Б имаат поголеми шанси од развивање на гастроентериски канцери, а оние со А на стомачни.



Иако докторите и научниците сè уште не се целосно сигурни што ги предизвикува канцерите, во една студија од 2012-та било откриено дека оние со крвна група Б имаат 50% поголема шанса од развивање на гастроентериски канцери, како што е оној на хранопроводникот. Во студија од 2015-та, пак, било откриено дека оние со крвна група А имаат 38% поголеми шанси за развивање на стомачен канцер од оние со крвна група 0.

5) Крвните групи кои не се 0 имаат поголем ризик од тип 2 дијабетес

Кога француски истражувачи во 2015-та анализирале податоци од 82 000 жени , откриле дека оние со крвната група А имале 10% поголеми шанси од развивање на тип 2 дијабетес, додека кај оние со крвна група Б тие биле 21% поголеми. Научниците претпоставуваат дека крвната група можеби игра улога во составот на микробите во стомакот, што влијае на метаболизмот и допринесува за развивањето на дијабетесот.

6) Една крвна група привлекува комарци повеќе од другите

Во студија од 2004-та било откриено дека еден вид на комарци - Aedes albopictus - во 83% од случаите слетувала на оние со крвната група 0, а само 47% на оние со крвна група А. Научниците сметаат дека комарците можеби можат да ги насетат шеќерите кои луѓето ги секретираат преку кожата, базирани на крвната група.

7) Оние со крвна група АБ имаат поголеми шанси од развивање на когнитивни пореметувања

Во студија од 2014-та биле анализирани врските помеѓу крвните групи и здравјето на мозокот и било откриено дека оние со крвна група АБ имаат 82% поголеми шанси од когнитивни пореметувања.

8) Оние со негативни крвни групи имаат повеќе проблеми со менталното здравје

Во студија од 2015-та направена врз 3000 субјекти било откриено дека оние со негативни крвни групи почесто имале проблеми со менталното здравје кои вклучувале панични нарушувања, антисоцијални нарушувања на личноста, и сл.

9) Rh факторот може да предизвика проблеми во бременоста



Без разлика дали сте Rh позитивни или негативни, тоа може да влијае на бременоста. Проблемите се јавуваат кога, на пример, жената е Rh негативна, а фетусот Rh позитивен, што резултира со Rh некомпактибилност. Кога крвта од Rh позитивниот фетус ќе навлезе во крвотокот на Rh негативната жена, нејзиното тело ја гледа како туѓа крв и се бори со неа создавајќи анти-Rh антитела кои можат да навлезат во фетусот преку плацентата и да му ја уништат крвта. Оваа реакција може да доведе до сериозни здравствени проблеми, па дури и смрт на фетусот или новороденчето.

10) Крвните групи биле откриени во раните 1900-ти

Во 1909-та, австрискиот научник Карл Ландштајнер бил првиот кој ги идентификувал главните крвни групи, а благодарение на неговото истражување денес знаеме кои крвни групи да ги комбинираме кај пациентите на кои им е потребна трансфузија. .



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...