Едноставен крвен тест за дијагностицирање на целијакија

Целијакијата или целијачната болест е автоимуна болест која може да има сериозни долгорочни последици за луѓето чие тенко црево реагира на ингестија на глутен. Бидејќи се работи за релативно тешка состојба за дијагностицирање, потребни се околу 4 години за правилна дијагноза – а тестовите може да се прилично инвазивни.



Вршејќи мноштво клинички студии во Австралија, Нов Зеланд и САД, интернационален тим научници открил специфичен имунолошки маркер во крвта на скоро сите партиципанти во студиите дијагностицирани со целијакија – инфламаторен одговор кој се појавува неколку часа по експонираност на глутен.

За дијагностицирање на болеста, сè што би било потребно е крвен тест пред, и 4 часа по јадење на оброк кој што содржи глутен. Ова е драматично подобрување во однос на сегашниот пристап, кој вклучува активно консумирање на глутен неколку недели пред инвазивна процедура со која се зема примерок (биопсија) од тенкото црево.

Иако крвни тестови за дијагностицирање на болеста постојат и денес, тие побаруваат регуларно јадење на продукти кои содржат глутен неколку недели пред тоа, што може да биде долг и непријатен процес, со шанса тестот воопшто да не ја детектира болеста.

За време на студиите, истражувачите забележале дека по доаѓање во контакт со глутен, доброволците имале брз и координиран скон на неколку имуни хемикалии познати како цитокини. Анализирајќи до 18 цитокини, истражувачите откриле дека IL-2 (интерлеукин-2) бил еден од најраните цитокини кој се накачил и го достигнал највисокото ниво, покрај IL-8 кој имал слична реакција.



Кога на партиципантите им биле дадени поголеми дози глутен, нивните симптоми на лошење и повраќање се влошиле, а со тоа и концентрацијата на IL-2.

Непријатните симптоми поврзани со болеста се поврзани со инфламаторните молекули во крвотокот (како IL-2) создадени од Т клетките на имунолошкиот систем. Неколку членови од истражувачкиот тим работат во ImmunsanT, компанија која моментално развива „вакцина“ базирана на пептиди (користени во оваа студија) чија цел е да функционираат како имунотерапија за пациентите со целијакија. Останува да се чека новиот крвен тест да се усоврши за да во иднина биде достапен за сите пациенти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...