„Суперладење“ на црн дроб за донирање му го продолжува животот вон телото 27 часа

Благодарение на нова техника за „суперладење“, истражувачи од медицинската школа на Харвард откриле начин за 3 пати да го продолжат времето кое црн дроб изваден за донирање може да го помине надвор од телото, пред да биде извршена трансплантацијата.

Ова било постигнато со ладење на донаторските црни дробови на температури под нулата без истите да се замрзнат, ефективно овозможувајќи им да „преживеат“ 27 часа надвор од телото, во споредба со сегашните методи на ладење помеѓу 4 и 8°C со кои органите се оштетуваат по околу 9 часа.

Авторите на оваа студија се надеваат дека со новата техника ќе се подобри ефикасноста на донираните органи, и што е најважно, ќе се зголеми бројот на процедурите, кратејќи го бројот на луѓе кои чекаат на листата за трансплантирање.

Новата техника ги „суперлади“ црните дробови на температури од -6°C без да го оштети ткивото, а пред тоа се користи друга техника наречена машинска перфузија за подеднакво дистрибуирање на течноста за конзервирање која го штити црниот дроб и го спречува неговото замрзнување.

Пред да ја тестираат техниката на човечки црн дроб, таа била успешно употребена прво врз црни дробови од стаорци.

Многу пати кога некој орган станува на располагање за трансплантација, можеби во близина нема примател на кој што би му одговарал – така што „прозорецот“ од 27 часа за кое време може да се пронајде примател и да се испорача органот ќе допринесе за што повеќе реципиенти да добијат органи и што помалку органи да се уништуваат поради тоа што им „поминал рокот“ за трансплантација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...