Научници чувале функционално мозочно ткиво во живот скоро еден месец

Истражувачи во Јапонија развиле нов систем за чување на ткива живи надвор од телото и го искористиле за да 25 дена сочуваат функционалност на тенки парчиња мозок од глушец во лабораторија.

Тимот кој стои зад овој систем се надева дека со негова помош би се создале мноштво нови лекови, со овозможување на фармаколозите да ги тестираат врз живи ткива подолг временски период.



Моментално, исклучително е тешко комплицирано ткиво да се одржува во живот повеќе од неколку дена откако е отстрането од телото, што ги ограничува можностите за тестирање на нови лекови.

Причината за тоа е што ткивата се сушат многу бргу и треба да се чуваат во течен медиум кој содржи одредена количина нутритиенти – иако тоа често го „дави“ ткивото, спречувајќи го да дише преку блокирање на трансферот на гасови помеѓу клетките.

За да ги надминат овие проблеми, научниците од RIKEN центарот за истражување на динамиката на биосистемите развиле микрофлуиден уред кој ткивото го одржува во постојан контакт со течниот медиум без да го потопува во него, осигурувајќи се дека тоа нема ни да се исуши ни да се „удави“.

Уредот се состои од полупропустлив канал опкружен со вештачка мембрана и цврсти ѕидови направени од соединение наречено полидиметилсилоксан (PDMS), кое се користи како средство против пенење во многу лекови.

Течниот медиум содржи правилни нутритиенти и истиот циркулира низ каналот, негувајќи го ткивото низ мембраната, истовремено отстранувајќи ги отпадните производи од неговите биолошки процеси.

Уредот бил тестиран врз тенки парчиња мозочно ткиво од делот на мозокот наречен супрахијазматско јадро, кое го регулира циркадискиот ритам, т.е „телесниот часовник“. Пред тоа, биле креирани генетски модифицирани глувци кои продуцирале флуоресцентни протеини со чија помош го регулирале циркадискиот ритам.

Со следење на продукцијата на овие светло обоени протеини, тимот успеал да ја измери функционалноста на супрахијазматско јадро на глувците откако било екстрахирано од нивните глави, а по многу обиди и грешки во однос на тоа колку од течниот медиум бил пропуштан низ каналот, тие успеале да ги одржуваат овие мозочни парчиња живи и функционални 25 дена, по што го запреле експериментот.

Со конвенционалните методи, мозочното ткиво во лабораториски услови може да се одржува живо неколку дена, а пад во нервната активност од 6% се случува во првите 10 часа.

Новиот уред овозможил нервна активност од 97% дури и по изминатите 25 дена, поради што авторите на студијата сметаат дека нивната метода може да се користи за одржување на мозочни ткива живи и над 100 дена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...