Нов лек го присилува вирусот на грип да мутира и да се самоуништи

Вирусот на грип со години ги фрустрира научниците бидејќи постојано ја менува формата, со што успешно го избегнува дејството на разни вакцини и лекови.

Сега, научниците креирале нов лек кој го присилува да мутира толку интезивно поради што се самоуништува.



Новиот лек е тестиран врз ласици и се покажал поефективен во споредба со оселтамивир (кој најчесто се користи во третманите за инфлуенца) и не предизвикува лесно создавање на отпорност кон него во вирусот.

Научниците од Georgia State University и Emory University во Атланта го истражувале соединението Н-хидроксицитидин (NHC) кое со години е познато дека инхибира голем распон на РНА вируси како грипот. Бидејќи во претходните истражувања било откриено дека NHC е активен против инфлуенцата, но не бил добро прифатен од телото кога бил тестиран врз мајмуни (што го прави неподобен за користење врз луѓето), овој пат неговата структура била модифицирана и се креирало ново соединение наречено EIDD-2801, кое се конвертира назад во NHC внатре во телото.

Кога бил тестиран врз ласици, кои се најчестиот животински модел за тестирање на третмани против инфлуенца, било откриено дека доколку тие го добиле лекот 12 часа по добивање на инфекцијата, воопшто не ја развивале болеста. Оние пак кои го добиле по 24 часа развиле треска, но таа завршила побрзо од вообичаеното.

По истражувањата, било заклучено дека NHC го блокира грипот преку секвенцирање на геномите на вирусите експонирани на него и дека тие го инкорпорирале соединението во нивната РНА кога се реплицирале (наместо молекулот наречен цитозин), што предизвикувало мноштво грешки кои предизвикувале мутации кои во суштина го самоуништувале вирусот.

Ќе бидат потребни дополнителни токсиколошки тестови врз животните за да се види дали соединението е безбедно за користење, а првите клинички тестирања на EIDD-2801 врз луѓето би требало да започнат следната пролет.

Научниците сметаат дека новиот лек евентуално би можел да се користи и во комбинација со други лекови за да им се намали резистентноста кон нив, стратегија која веќе се користи во третманите за ХИВ и хепатит Б.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...