Нов биомаркер за шизофренија пронајден во човечките влакна

Новооткриен биомаркер во човечкото влакно е поврзан со подвид на шизофренија и би можел да помогне во нејзина рана идентификација пред да се појават симптомите.



Истражувачи во Јапонија идентификувале повеќе од нормални нивоа на Mpst, ензим одговорен за продуцирање водород сулфид во мозокот кај луѓето со шизофренија. Оваа абнормалност најверојатно е резултат на физиолошката реакција на одредени стресори низ животот кои резултираат со модифицирање на ДНК.

Шизофренијата е комплексна дијагноза на ментално заболување, која е центар на бројни студии од нејзиното откривање во 1911-та. Поимот дефинира ментално пореметување коа вклучува бројни симптоми и однесувања како што се заблуди (делузии), халуцинации и психоза. Истражувањата сугерираат дека шизофренијата не е една болест туку 8 пореметувања со генетски различни причини, а скоро 80% од факторите на ризик се генетски.

Една од методите за дијагностицирање на шизофренијата е феноменот наречен препулсна инхибиција (PPI), кој ја истражува реакцијата на личноста кон стимулации. Луѓето кои немаат шизофренија помалку се изненадени од гласен звук доколку за него постоел прекурсор т.е претходник. На пример, крцкањето на логорскиот оган ќе ја намали нечијата реакција на погласен звук поврзан со оганот подоцна, но луѓето со шизофренија имаат пониска PPI, што значи дека претходните звуци не им ја намалуваат реакцијата на подоцнежните поврзани со нив.



Истражувачите го користеле концептот на PPI за анализирање на разликите во експресијата на одредени протеини кај глувците со ниска и екстремно висока PPI и откриле дека ензимот Mpst има повисока експресија во мозоците на глувците со ниска PPI. Намалувањето на нивото на Mpst исто така им помогнало на глувците да имаат понормални нивоа PPI.

Тимот потоа ги истражувал постмортем мозоците на луѓето кои имале шизофренија и открил дека експресијата на Mpst генот била повисока кај оние кои ја немале. Нивоата на Mpst исто така биле поврзани со сериозноста на симптомите кои лицето ги искусувало за време на животот.

Со оваа информација, истражувачите потоа ги испитале фоликулите на косата на повеќе од 150 луѓе со шизофренија и откриле дека експресијата на Mpst била многу повисока кај луѓето со болеста, што значи дека ензимот би можел да служи како биомаркер за шизофренија пред да се појават нејзините симптоми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...