MRI скенови ги покажале ефектите од прекумерната тежина врз мозокот

Познато е дека прекумерната тежина има исклучително штетни ефекти врз срцето, белите дробови, црниот дроб и многу други органи, а ново истражување сега покажало дека таа го оштетува и мозокот.



Видливите промени на мозокот кои биле забележани би можеле да ги променат когнитивните и емоционални функции, кои како резултат само би го зајакнале однесувањето поврзано со прејадување и прекумерната тежина.

Истражувачите од универзитетот на Сао Пауло ги истражувале разликите помеѓу мозоците на тинејџери со вишок килограми и здрави тинејџери, така што направиле MRI скенови (магнетна резонанца) на мозоците на 59 тинејџери со вишок килограми и 61 здрави адолесценти. Ја користеле техниката DTI (Tensor imaging) со чија помош била анализирана состојбата на белата маса во мозокот, што е ткивото во кое се наоѓаат меѓусебно поврзаните „гранки“ неврони, за кои се смета дека се „супер-автопати“ помеѓу мозочните региони.

Анализите покажале дека адолесценти со прекумерна тежина имале оштетувања во corpus callosum, групата нервни влакна кои ја поврзуваат левата и десната хемисфера на мозокот. Квалитетот на белата маса бил исто така понизок кај нив во регионот поврзан со емоционалната контрола и центарот за „награди“.

Овие мозочни промени се поврзани со важните региони одговорни за контрола на апетитот, емоциите и когнитивните функции, а причината за оштетувањата е инфламацијата, т.е воспаленијата. Било откриено дека степенот на оштетување бил поврзан со маркерите за инфламација, како што е лептинот, хормон кој го креираат масните клетки и кој е поврзан со нивото на енергија и залихите на складираните маснотии.

Некои луѓе со прекумерна тежина можат да развијат лептинска резистентност, која и покрај значителните масни залихи предизвикува глад.

Лошиот квалитет на белата маса е поврзан и со зголеменото ниво на инсулин, хормон кој се ослободува во панкреасот за контролирање на нивото на гликоза (шеќер) во нашите тела. Поради тоа, често пати овие луѓе имаат и инсулинска резистентност што доведува до проблеми со регулацијата на шеќер во крвта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...