AI способно да детектира рак на дојка подобро од докторите

Ракот на дојката е еден од најзастапените канцери кај жените, а сега систем со вештачка интелигенција (AI) докажано е подобар од човечките доктори во дијагностицирање на оваа болест, преку анализирање на скеновите.



На пример, во Обединетото Кралство, сите жени на возраст над 50год. се советуваат да направат рутинска проверка на градите (мамограм), кој вклучува рендгенско снимање на градите на секои 3 години, со цел да се забележат разните знаци на овој рак пред да се појават значајни грутки.

Резултатите од мамограмот се испитуваат од два независни доктори, но понекогаш се случува погрешно дијагностицирање (некој што нема рак да биде дијагностициран дека го има), или пак болеста да помине незабележана. За да проверат дали овој мал процент на грешки може да биде подобрен со технологијата, истражувачите од Google Health тренирале AI модел да забележува рак на дојка од мамограми на жени од Обединетото Кралство и САД.

И покрај тоа што не знаел апсолутно ништо за медицинската историја на пациентите, AI-то исклучително успешно ги поставувало дијагнозите, давајќи помал број на погрешни позитивни и негативни резултати. Кај американските жени, бројот на погрешно идентификувани канцери бил намален за 5.7%, додека кај оние од Обединетото Кралство таа бројка била намалена за 1,2%. Пропорцијата на случаи каде ракот бил незабележан бил намален за 9.4% (САД) и 2.7% (Обединетото Кралство).

Истражувачите велат дека наместо мислењата на медицинските професионалци целосно да се заменат со AI „доктори“, еден ваков систем би можел да помогне значително да се намали обемот на работа на веќе презафатените доктори дури до 88%.

Тимот истражувачи се надева дека овој нов AI систем ќе продолжи да се испитува, за да се одреди дали треба и може да биде користен во клинички услови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...