Откриени клучни разлики во мозоците на луѓето со шизофренија

Со помош на метода за скенирање на мозокот било откриено дека луѓето со шизофренија имаат редуцирано ниво на клучен протеин кој помага при комуникацијата помеѓу мозочните клетки, наречен SV2A.



Нова студија направена од Imperial и King колеџите во Лондон откриле дека овој протеин кој се наоѓа помеѓу синапсите во мозокот може да влијае на начинот на кој што мозочните клетки комуницираат едни со други. Со намалено ниво на SV2A, синапсите ја губат нивната „конективност“, што може да биде клучниот фактор во развивањето на шизофренијата.

Иако идејата за поврзаноста помеѓу нефункционалните синапси и SV2A со шизофренијата постои уште од 1980-тите, научниците претходно ја имаат докажано преку дисекција на мозоци од мртви луѓе, додека во новата студија за прв пат оваа теорија била демонстрирана кај живи луѓе.

Истражувањето било направено врз 18 возрасни луѓе со шизофренија и исто толкава контролна група без болеста, на кои била инјектирана супстанца која се поврзува со SV2A за потоа истата да може да биде следена со ПЕТ скенер (томографија на позитронска емисија) со чија помош биле направени детални 3D слики од внатрешноста на телото.

Дефицитот на овој протеин бил особено забележителен во предните делови на мозокот, како во регионите вклучени во планирањето. Инаку, луѓето со шизофренија често имаат потешкотии со задачи кои вклучуваат планирање и меморија.

Со понатамошни истражувања, ова ново откритие би можело да доведе до креирање на подобри третмани за шизофренијата, чии сегашни терапевтски опции се премногу ограничени за многу пациенти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...