Имплант за слепи што директно се поврзува со мозокот

Бернадета Гомез била слепа 16 години, но сега, со помош на бионичко око развиено од шпанскиот невроинженер Едуардо Фернандез, таа повторно може да гледа – без воопшто да ги користи своите биолошки очи.



Системот се состои од неколку различни делови – очила со камера кои се поврзани на компјутер, кој видео сигналот од камерата го преведува во електронски сигнали кои потоа преку кабел се пренесуваат во порт хируршки вметнат на задниот дел од черепот на Бернадеда. Тој порт, пак, се поврзува со имплантот во визуелниот кортекс на нејзиниот мозок.

Тоа траело 6 месеци, бидејќи толкав и бил одобрениот период за тестирање на бионичкото око, пред да и биде отстранет имплантот од 100 електроди.

За тие 6 месеци, таа ја посетувала лабораторијата на Едуардо 4 пати неделно и со помош на неговиот систем можела да го гледа светот околу неа во ниска резолуција. Иако она што го „гледала“ во нејзиниот ум било нешто повеќе од светлечки точки, сепак било доволно за да може да идентификува букви, светла и луѓе.

Следниот чекор ќе биде тестирање на начини да се спречи деградирање на имплантот додека е во телото и тестирање на системот врз повеќе луѓе.

Претходните обиди да се креира „бионичко око“ се фокусирале на импланти во самото око, што побарувало тоа да биде функционално, со функционален оптички нерв. Новиот систем комплетно ја заобиколува употребата на биолошките очи, со што потенцијалот му е отворен за многу повеќе луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...