Нов тест на крвта открива рак 3 години пред симптомите

Истражувачи од Универзитетот Џонс Хопкинс развиле револуционерен крвен тест што може да открие знаци на рак дури три години пред да се појават симптомите.



Ова значајно откритие може да им помогне на лекарите да дијагностицираат рак многу порано отколку што тоа денес го дозволуваат постоечките методи за скрининг, што им дава на пациентите поголеми шанси да ја победат болеста.

-Три години порано значи време за интервенција, изјави д-р Јуксуан Ванг, доцент по онкологија и водечки истражувач на студијата.

-Туморите најверојатно ќе бидат многу помалку напреднати и со поголема веројатност за излекување, додаде таа.

Во студијата, Ванг и нејзиниот тим анализирале крвни примероци од 52 лица кои учествувале во голем истражувачки проект финансиран од Националниот институт за здравство на САД, фокусиран на кардиоваскуларното здравје.

Половина од овие лица подоцна биле дијагностицирани со рак во рок од шест месеци по давањето на крвта. Останатите останале без рак.

Истражувачите ги обработиле примероците преку тест за рано откривање на повеќе видови рак (MCED), кој користи ултра-чувствително секвенционирање за да ги пронајде малите фрагменти од мутирана ДНК што туморите ги испуштаат во крвотокот.

Тестот открил знаци на рак кај 8 од 26-те идни пациенти.

Шест од тие пациенти имале и постари зачувани примероци од крв и кај четворица од нив веќе имало ран показател за рак повеќе од три години пред поставувањето на дијагнозата.

-Оваа студија го покажува потенцијалот на MCED тестовите во раното откривање на рак и ги поставува стандардите на чувствителност што се потребни за нивен успех, изјави д-р Берт Вогелштајн, професор по онкологија и ко-директор на Лудвиг центарот при Џонс Хопкинс.

Во моментов, ниту еден MCED тест не е целосно одобрен од Американската администрација за храна и лекови (FDA) за широка употреба, иако некои се достапни комерцијално под полабави регулативи како лабораториски развиени тестови.

Иако MCED тестовите не се наменети да ги заменат стандардните скрининзи, експертите велат дека можат да играат важна улога во пораното откривање на рак особено на оние како ракот на дебелото црево, кој често се дијагностицира во напредна фаза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На...
Верски календар
На денешен ден
1936.- Во местото Горки, кај Москва, умре Алексеј...
1940.- Францускиот генерал Шарл де Гол ги повика...
1953.- Египет е прогласен за република по...
1965.- Во Алжир е извршен државен воен преврат....