Третман со имплант за намалување на симптомите на Паркинсоновата болест

Специјален мозочен имплант би можел да помогне во намалувањето на ефектите на Паркинсоновата болест. Станува збор за третман кој е варијација на конвенционалната длабинска мозочна стимулација која веќе се користи кај пациентите со оваа болест.



Ваквата мозочна стимулација вклучува испорачување на електрични сигнали кои ја намалуваат активноста на одредена група нерви во мозокот, но која може да предизвика и несакани последици како потешкотии во говорот и невообичаени нагли движења.

Истражувачите сметаат дека во новата студија откриле различен пристап кој вклучува вид на респонсивна стимулација која се активира само кога е детектиран вишок бета бранови, вообичаени кај пациентите со Паркинсонова болест.

Во студијата на истражувачите од универзитетот во Оксфорд, овој третман бил применет врз 13 пациенти чии симптоми вклучувале многу бавно движење. Ефектите од него позитивно влијаеле на нивните движења, а намалено било и нивото на потешкотии во говорот со споредба со конвенционалната длабинска мозочна стимулација.

Третманот, за жал, не функционирал исто врз сите – кај 2 пациенти тој резултирал со повторно појавување на тресење (тремор).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...