Научниците откриле „фабрика за алергии“ во човечкиот стомак

Веќе е познато дека кога имунолошкиот систем ќе се сретне со алерген, создава антитела од имуноглобулинот Е (IgE), кои се сврзуваат со алергенот и предизвикуваат осип, недостаток на воздух, како и анафилакса – симптоми кои некогаш може да резултираат со смрт. Овие антитела се причината што некои луѓе, на пример, отекуваат од допир со кикирики или било кој продукт кој ги содржи.



Сега, во нова студија е откриено дека стомакот е дом на овие антитела, а испитани се и механизмите кои им овозможуваат опстанок.

Досега, не било сосема јасно зошто некои луѓе продуцираат IgE кога ќе дојдат во допир со одредена храна, додека некои пак можат да ја јадат. По испитување на примероци од ткиво од 19 луѓе со алергија на кикирики, научниците откриле дека потеклото на IgE е во стомакот, покрај коскената срж.

Истражувачкиот тим открил дека одредени клетки во стомакот – наречени Б клетки – имаат функција на „фабрички работници“. Тие типично продуцираат безопасни антитела (имунолгобин Г) како одговор на антигените од храната, но понекогаш наместо нив продуцираат хиперагресивни IgE антитела кои предизвикуваат сериозни имунолошки реакции на работи кои воопшто не се загрозувачки.

Овој процес е наречен CSR - class switch recombination / рекомбинација на класниот прекинувач, a откривање на начин тој да се спречи или „прекинувачот“ да се врати во првобитната состојба би значело крај за силните алергиски реакции.

Моментално, научниците не знаат каква околина или тригер го активира овој процес, но според студијата во тоа може да е вклучено здравјето на стомакот.

Тимот исто така секвенцирал ДНК од ткивата земени во студијата, при што било откриено дека тие делеле слични генетски шеми.

Тие сметаат дека во иднина, овој „прекинувач“ би можел да се исклучи, со што би се спречило безопасните антитела да се претворат во опасни. Евентуално, можеби би се открил начин за да се блокира сврзувањето на IgE со протеините од кикирики, со тоа елиминирајќи ги потенцијално смртоносните симптоми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...