Нов тест на антитела на Ковид-19 дава резултати за 35 минути

Научници во Шкотска и Швајцарија развија нов, брз и прецизен тест на антитела на коронавирусот. Британската компанија „Quotient“ соопшти дека секоја скрининг машина има капацитет до 3.000 тестови дневно и дава резултати за 35 минути со 99,8 отсто прецизност.



Со тој тест може да се утврди дали лицето е заразено со коронавирус и дали развило антитела на Ковид-19.

– Искрено сме горди бидејќи развивме толку брз и точен тест. Ова е извонреден резултат на нашите тимови во Единбург и во Швајцарија. Сега сакаме колку е можно побрзо да им помогнеме да многу луѓе, изјави генералниот директор на британската компанија, Франц Валт.

Компанијата потврди дека има на располагање 12 машини кои можат да обработат до 36.000 тестови дневно или 252.000 неделно. Се очекува до крајот на годината да бидат подготвени уште 20 машини.

Компанијата во петокот доби европско регулаторно одобрување за „MosaiQ“ серолошки машини за скрининг, за кои тврди дека имаат 100 отсто чувствителност и 99,8 проценти специфичност. Тоа значи дека постои мала веројатност за погрешно читање или „лажно позитивни“ резултати.

Портпарол на шкотската Влада изјави дека здравствениот систем на Шкотска, заедно со клучите партнери, ги истражува сите можности околу новите тестови на антитела.

– Шкотската Влада блиску соработува со властите во Лондон, со цел на сите да им обезбеди пристап до новите тестови на антитела откако ќе станат достапни. од суштинско значење е новите тестови да бидат сигурни и потребно е време да се изврши ригорозна проценка, истакна портпаролот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...