Нивото на антитела нагло опаѓа по 2-3 месеци од оздравување од Ковид-19

Нивото на антитела кај пациенти кои оздравеле од Ковид-19 паѓа нагло два до три месеци откако инфекцијата се смирува.

Тоа се нагласува во студија на кинески научници кај пациенти со симптоми и заразени без симптоми на болеста. Нивното откритие го поставува прашањето за времетраењето на имунитетот против новиот коронавирус, јавија западни медиуми.



Резултатите од студијата, објавени во списанието Nature Medicine, го прикажуваат ризикот од употреба на т.н. „пасоши за имунизација“ против Ковид-19 и ја поддржуваат тезата дека е потребно долго време да се одржува социјална дистанца и да се изолираат ризичните групи на пациенти, велат научниците.

Здравствените власти во некои земји, како Германија, дебатираат дали е етичко и практично да им се овозможи на лицата за кои е утврдено дека имаат антитела кон новиот коронавирус да се движат послободно од другите.

Во кинеската студија истражувачите откриле дека оние кои се тестирале позитивно на антитела на имуноглобулин Г (IgG), имале остар пад од околу 90 проценти по два или три месеци. Овој вид на антитела е од суштинско значење за човечкото тело и го штити од вируси, бактерии и габи.



Авторите на студијата се научници од филијалата на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести и нивни колеги од други кинески институции.

– Студијата не ја исклучува можноста други делови на имунолошкиот систем да обезбедат заштита од новиот коронавирус, изјави Џинг Донг-јанг, професор по вирусологија на универзитетот во Хонг Конг, кој не беше вклучен во студијата.

Некои клетки се сеќаваат како да се справат со вирусот по првата средба со него и можат да обезбедат сигурна заштита ако повторно се судрат со инфекцијата. Научниците се уште истражуваат дали тој механизам работи против новиот коронавирус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...