Мајките кои страдаат од депресија во бременоста најчесто раѓаат хиперактивни деца

Момчињата чии мајки страдаат од депресија додека се бремени, најверојатно ќе бидат хиперактивни и агресивни, открива една студија.



Истражувачите од Канада откриле дека децата имаат поголема веројатност да и развијат депресија до 18 години ако нивните мајки страдале од пренатална депресија.

Пренаталната депресија е поврзана со проблеми во однесувањето и развојот кај децата, но како таа доведува до овие промени е нејасно.

Според истражувачите, едно објаснување е во ослабените врски на мозокот што влијаат на однесувањето на детето. 

-Ослабената бела материја во мозокот е поврзана и со зголемена агресија и хиперактивност кај машките деца, се наведува во студијата.

Во својата студија, истражувачкиот тим од Универзитетот во Калгари, Канада, испитал 54 бремени жени, а потоа и нивните деца.

Во текот на бременоста, од жените било замолено да потполнат анкета во која биле запрашани дали имаат симптоми на депресија.

Откако децата се родиле, истражувачите користеле посебна магнетна резонанца - техника на слики што може да ја открие јачината на структурните врски помеѓу различни региони на мозокот - за да ја испитаат белата материја на децата.

Откриено е дека поголемите симптоми на пренатална депресија кај мајките се поврзани со послаби врски со бела материја помеѓу регионите на мозокот, вклучени во емоционална обработка на податоци кај децата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...