Податоците за руската вакцина против Ковид-19 се нецелосни

Податоците за руската вакцина против Ковид-19 се нецелосни, има недоследности и повторување како „copy/paste“. Тоа го предупредија 38 научници, чиј став беше објавен во списанието „Nature“.



Изданието потсетува дека руските податоци беа објавени овој месец во медицинското списание „The Lancet“.

Во отворено писмо до руските автори, научниците истакнуваат дека објавените резултати од раната фаза на истражувањето се претставени само во форма на графикони, без специфичните податоци врз кои се градени тие графикони.

Италијанскиот молекуларен биолог Енрико Бучи истакнува дека во руската публикација во „Лансет“ е претставено мерење на нивото на имуните клетки во крвта на 9 групи волонтери врз кои се тестирани различни формули за вакцини. Во две од овие групи, податоците се покажаа исти.

– Шансите ова да се случи во природни околности се мали, вели Бучи.

Научниците велат дека тие не обвинуваат, но за да се направи соодветна проценка, потребна е подетална презентација на оригиналните податоци. Во исто време, се забележува дека објавувањето на таквата студија без детални податоци е многу невообичаено однесување во научната заедница.

Од „Nature“ бараат појаснување од авторот на руската публикација за вакцината во истражувачкиот центар Гамалеи, Денис Логунов, но тој одби да даде коментар.

Руската вакцина е регистрирана без задолжителна трета фаза на испитувања според светските фармацевтски стандарди и без објавување на податоците од претходните фази.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...