Жена од Аргентина се излекува од ХИВ

Жена од градот Есперанца во североисточна Аргентина е излечена од ХИВ. Ова е втор документиран случај каде што некој успеал да го искорени смртоносниот вирус од своето тело, објави медицинското списание „ЈАМА“ за интерна медицина.



Жената го елиминирала вирусот исклучиво благодарение на нејзиниот имунолошки систем, без земање лекови, терапија со матични клетки или други експериментални третмани. Истражувачите од Аргентина и Масачусетс (САД) собирале примероци од крвта на пациентката од 2017 до 2020 година, внимателно набљудвајќи ја ДНК-та. Испитувањата ги водел д-р Ксу Ју од Институтот „Рагон“ при Општата болница во Масачусетс.

– Ова ни дава надеж дека човековиот имунолошки систем е доволно силен за да го контролира ХИВ и да ги елиминира сите функционални вируси. Времето ќе покаже, но веруваме дека (пациентката самата) достигнала стерилизирачки лек, рече Ју.

Според написот, истражувачите сè уште не се сигурни како телото на пациентката успеало да се ослободи од ХИВ вирусот.

– Веруваме дека тоа е комбинација од различни имунолошки механизми – веројатно се вклучени цитотоксичните Т-клетки, па вродените имунолошки механизми можеби помогнале, додаде Ју.

Единствениот познат случај на пациент кој сам се излекувал од ХИВ, досега е 67-годишна жена од Калифорнија. Познати се и двајца пациенти кои биле излечени од ХИВ со третмани со матични клетки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...