Научници работат на новa нехормоналнa контрацепција за мажи

Научници од САД работат на нови нехормонални пилули за контрацепција за мажи. Таблетата „Ипсилон-ес-ти-529“ веќе се покажа како безбедна при тестирањето на глувци и е 99 отсто делотворна во спречување бременост.



Испитувањата на луѓе се очекува да почнат подоцна оваа година. Истражувачите од Универзитетот на Минесота ја претставија својата анализа на конференција на Американското друштво на хемичари. Апчето не влијае на тестостеронот, што значи дека опасноста од несакани последици е мала.

– Влијанието на апчињата за контрацепција врз машките хормони доведува до несакани ефекти како што се зголемување на телесната тежина, депресија и зголемена опасност од кардиоваскуларни болести. Поради оваа причина, решивме да ја заобиколиме можноста за делување на хормоните, при развојот на нашата пилула, изјави д-р Абдула ал Номан кој е дел од истражувачкиот тим.

Фармацевтската компанија „YourChoice Therapeutics” во мигов подготвува документација и барање за одобрување на тестирање на луѓе, коишто ќе бидат испратени до Американската агенција за храна и лекови (ФДА). Д-р Гунда Георг ги водеше испитувањата на глувци, а сега, заедно со остатокот од тимот, работи напорно за што побрзо да ги пласира контрацептивните таблети за мажи во продажба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...