Белгиски универзитет откри како да го спречи метастазирањето на ракот

Универзитет во Лувен, Белгија, открил начин на кој се отвора можност за стопирање на метастазите кај болните од рак, јави дописничката на МИА од Брисел.



Истражувачката екипа на професорот Пјер Сонво во белгискиот универзитет Лувен објаснува за што станува збор: откривање на еден вид сензор кој испраќа сигнал до клетките со тумор, кај ракот на дојка, дека треба да сопрат во мозокот, што им овозможува да развијат метастази во мозокот. Со ова откритие, ако се отстрани тој сензор, клетките нема да застанат во мозокот и таму да развијат метастази, се вели во соопштението на истражувачкиот тим.

Всушност универзитетот успеал да го разбере системот на заболените клетки во организмот кога напаѓаат одреден орган и создаваат метастази.

Како што објаснува професорот за медиумите во Белгија, тие тргнале од теоријата дека секоја клетка заболена од рак е “подесена“ на начин да нападне одреден орган. Некои органи пак никогаш не се инфицираат од рак како на пример прстите од нозете.

Поаѓајќи од модел на човечки рак на дојка кај глушец, тимот успеал да идентификува протеин кој врши улога на сензор за заболената клетка и ја води кон создавање метастази во органот каде што добил “наредба“ да “застане“, во овој случај мозокот. Протеинот се нарекува Кокс7б. Ако се отстрани протеинот, клетка не застанува во тој орган и метастазите не се развиваат.

Сега истражувачката екипа се надева дека ова откритие ќе помогне и за други видови ракови и други органи на крајна дестинација освен мозокот. Потенцијалот на ова откритие е да се спречат метастазите во иднина и со тоа да се зголемат шансите за победа врз ракот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...