Првите знаци на Алцхајмеровата болест може да се појават во вашите очи

Велат дека очите се огледало на нашата душата, но по сè изгледа дека во нив може да се прочита и состојбата на нашиот мозок.



-Можете да видите директно во нервниот систем гледајќи во задниот дел на окото, кон оптичкиот нерв и мрежницата, вели офталмологот, Д-р Кристин Грир, од Институтот за невродегенеративни болести во Бока Ратон, Флорида.

Научниците истражуваат како очите може да помогнат во дијагностицирањето на Алцхајмерова болест пред да се појават видливи симптоми на болеста како промени во меморијата и однесувањето на пациентите.

Резултатите од една неодамнешна студија, објавена во списанието Acta Neuropathologica, покажаа дека постои поврзаност помеѓу промените во очите и промените во мозокот.

-Нашата студија е прва што обезбеди длабински анализи на профилите на протеини и молекуларните, клеточните и структурните ефекти на Алцхајмеровата болест во човечката мрежница и како тие кореспондираат со промените во мозокот и когнитивната функција, вели Маја Коронио-Хамауи, професор по неврохирургија и биомедицински науки на Cedars-Sinai во Лос Анџелес.

-Овие промени во мрежницата се во корелација со промените во делови од мозокот наречени енторинални и темпорални кортики, односно во центарот за меморија, навигација и перцепција на времето, додава Хамауи.

Истражувачите во студијата собрале примероци од ретина и мозочно ткиво од 86 донатори со Алцхајмерова болест и благо когнитивно оштетување. Потоа ги споредиле примероците од донатори со нормална когнитивна функција со оние со благо когнитивно оштетување и со оние со подоцнежна фаза на Алцхајмерова болест.

Наводите од студијата може да доведат до развој на техники кои овозможуваат порано и попрецизно дијагностицирање на Алцхајмеровата болест, како и следење на нејзината прогресија неинвазивно преку очите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Некој крупен маж земал ситна жена, па другарите го прашуваат:
- Добро бе, каков ви е сексот, кога сте толку различни?
- Абе, јас си лежам, она е одозгоре, па јас ја држам и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1723.- Роден е шкотскиот економист Адам Смит, кој...

1819.- Роден е англискиот астроном и математичар...

1826.- Во Лондон умре Карл Марија Вебер,...