Вештачка интелигенција може да предвиди рак на панкреас 3 години пред лекарите

Алгоритмите на вештачката интелигенција можат да направат скрининг за рак на панкреасот и да предвидат дали пациентите ќе ја развијат болеста три години пред лекарот да ја постави истата дијагноза, покажува истражување објавено во Nature.



Ракот на панкреасот важи за еден од најсмртоносните типови на рак каде стапката на преживување на пет години во просек изнесува 12 проценти. Научниците од Данска и САД веруваат дека вештачката интелигенција би можела да им помогне на лекарите во откривање на ракот на панкреасот во раните фази, доколку софтверот може со сигурност да предвиди кои пациенти се изложени на поголем ризик за да ја развијат болеста.

За потребите на истражувањето научниците обучиле алгоритми за вештачка интелигенција да анализираат милиони медицински досиеја добиени во данскиот национален регистар на пациенти и во складиштето за корпоративни податоци поврзани со ветераните на САД. Вештачката интелигенција имала за цел да ги поврзе кодовите за дијагностицирање - етикети што ги користат болниците кои опишуваат различни медицински состојби - со ракот на панкреасот.

Некои дијагностички кодови за жолтица, абдоминална и карлична болка, губење на тежината, на пример, се потесно поврзани со болеста - особено ако се откриени кај пациенти околу шест месеци пред дијагнозата - додека други како дијабетес тип 2, анемија или воспаление на панкреасот обично се наоѓаат порано.

-Ракот постепено се развива во човечкото тело, често во текот на многу години и прилично бавно, додека болеста не завладее, вели Крис Сандер, истражувач во студијата и водач на лабораторија која работи на Одделот за системска биологија на Харвард.

-Системот за вештачка интелигенција се обидува да учи од знаците во човечкото тело кои можат да се однесуваат на таквите постепени промени. Сега е рано за ова бидејќи системот за вештачка интелигенција може да прави разумно точни предвидувања, но во моментот не може да идентификува механизми или причински настани, додава тој.

Најефективниот алгоритам покажал дека од првите 1.000 најризични пациенти над 50 години, околу 320 ќе развијат рак на панкреас. Моделот е помалку прецизен кога се обидува да го предвиди ракот на панкреасот во подолги временски интервали во споредба со пократките и за пациенти помлади од 50 години.

Студијата покажа дека ефективното предвидување во реалниот свет ќе се потпира на квалитетот на медицинската историја на пациентите. Идните алатки за скрининг на рак на панкреас засновани на вештачка интелигенција ќе треба да бидат обучени за специфични податоци од локалното население.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...