Пинг-понгoт благотворен за лицата со Паркинсонова болест

Пинг-понгoт бара брзи движења, фина моторика и концентрација. Така, некои стручњаци сметаат дека може да помогне во забавување на симптомите на Паркинсоновата болест. Таков турнир деновиве се одржа во Дизелдорф, Германија.



Луѓе од различни возрасти од 15 земји се собраа во градот за да играат против заедничкиот непријател - Паркинсоновата болест. Настанот годинава е организиран од германското здружение „Пинг-понг Паркинсон“, а на него учествуваа 200 лица заболени со Паркинсонова болест.

- Целта не е да играме еден против друг, туку да се обидеме заедно да го одржуваме топчето во игра. Тие тренинзи не само што се добри за кондиција, туку се и основа за самопомош и разговор. Сепак, недостигаат поддршка и финансии, објаснува Тортен Бомхујз, основач на здружението.

Според Георг Еберзбах, главен лекар во Центарот за Паркинсон Белиц-Хајлштетен во Бранденбург, многу симптоми - како што се тресење на мускулите, вкочанетост или пречки во движењето - може донекаде добро да се третираат со лекови, но засега не е можно целосно да се излечи болеста. Затоа, важно е да се забави нејзината прогресија. Токму тука може да помогне играњето пинг-понг. Сепак, досега за тоа се направени малку научни истражувања.

Според Еберзбах, пинг-понгот, слично како танцувањето и боксот, бара движења што веќе, условно, не се можни за луѓето со Паркинсонова болест во секојдневниот живот.

Покрај тоа, тука се и тренинзите за издржливост, концентрацијата, брзината на реакцијата и искуството на заедништвото при играње во тим. Тоа исто така ги потиснува симптомите на болеста, според Тимо Клајн-Сетбер, раководител на истражувањето за пинг-понг на Спортскиот универзитет во Келн.

- Нашето истражување покажа дека многу играчи сметаат дека концентрацијата и фините моторички вештини на масата им помагаат. Можете на дело да видите дека играчите помалку треперат за време на натпреварите и дека нивните моторни вештини се потечни, објаснува Клајн-Сетбер.

Тој додава и дека многу пациенти со Паркинсонова болест велат дека им треба помалку лекови доколку редовно играат пинг-понг. Во ова е убедена и Хајке Шофен, инаку учесничка на турнирот. Таа вели дека пинг-понгот не само што ѝ ги ублажува симптомите, туку и спречува да биде осамена.

Здружението „Пинг-понг Паркинсон“ е основано 2020 година, денес има над 1.100 членови и тој број е во постојан раст.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...