Вијаграта го намалува ризикот од Алцхајмерова болест за 60 проценти?!

Истражување спроведено од медицинскиот центар Mount Sinai од Њујорк сугерира дека земањето Вијагра, освен што го решава проблемот со еректилната дисфункција, воедно може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест за 60 проценти.



Истражувачите откриле дека Вијаграта, уште позната како силденафил, го потиснува протеинот PDE5 што може да се најде во мозокот на оние кои се заболени од Алцхајмерова болест.

Студијата опфати повеќе од 27 илјади луѓе на возраст над 65 години. Податоците од истражувањето покажуваат и дека Вијаграта го зголемува снабдувањето со крв - корисно за подобрување на здравјето на мозокот, па потенцијално може да лекува и деменција.

Друга студија, спроведена во јануари оваа година, покажа дека овој лек го намалува ризикот од срцеви заболувања за 39%, како и ризикот од рана смрт за 25 проценти.

Истата покажа дека корисниците на Вијагра имаат 17% помала веројатност да доживеат срцева слабост и имаат 22% помали шанси да развијат нестабилна ангина, поради која коронарната артерија се блокира и доаѓа до спречување на протокот на кислород и крв во срцето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...