Нобелова награда за откриената тајна на протеините

Американците Роберт Лефкович и Брајан Кобилка се добитници на Нобелова награда за хемија оваа година за проучување на протеините, кои им овозможуваат на клетките во телото да одговорат на надворешните сигнали, соопшти денеска Шведската кралска академија на науките. 

Двајцата научници престижното признание, вредно осум милиони шведски круни (1,2 милиони долари) го добија за трудот „Г протеинот на споените рецептори“.

Речиси половина од сите лекови делуваат токму на тие рецептори, така што се очекува дека сознанијата до кои дошле Лефкович и Кобилка ќе им помогнат на другите научници да пронајдат уште подобри лекови. 

Прогласувањето на имињата на овогодишните лауреати почна во понеделникот со доделувањето на наградата за медицина за трудот посветен на матичните клетки, на поионерите во таа област Британецот Џон Гурдон и Јапонецот Шинио Јаманаки, а продолжи вчера со доделувањето на признанијата за физика на Французите Серж Арош и Американецот Дејвид Вајнленд за истражувањето на квантната оптика. 

Нобеловата награда за книжевност ќе биде доделена утре, добитникот на Нобеловата награда за мир ќе биде познат задутре, а за економија на 15 октомври.  

Престижните награди, чиј основач е шведскиот индустријалец и пронаоѓач на динамитот Алфред Нобел прв пат се доделени во 1901 година. 

Сите награди ќе бидат врачени на 10 декември, на годишнината од смртта на Алфред Нобел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...